До 31 јули продолжува рокот за поднесување барања за субвенции за произведеното и предаденото млеко во млекарниците од 1 јануари до 30 април годинава. Владата го продолжи рокот по барање на млекопроизводителите, бидејќи поголемиот дел од нив, поради задоцнетото добивање откупни белешки од млекарниците, не биле во можност да аплицираат за субвенции во претходно утврдениот термин до 15 јуни. На барање на овчарите и на козарите што произведуваат органски, Владата претходно исто така го продолжи рокот за поднесување пријави до 15 ноември 2010. Сега е во тек и аплицирањето за субвенции за осигурување од елементарни непогоди, со кое државата покрива 60 отсто од полисата, а рокот за пријавување истекува на 31 август. До 1 декември трае пријавувањето за субвенции за компензација на производствени трошоци за заштитен производ, за заштитен географски назив, за запишување во меѓународен регистар и за суровини за прехранбен производ. До 1 декември ќе може да се аплицира и за субвенции за промотивни кампањи за земјоделските производи, за етикетирање и за традиционален рецепт.
До 31 јули продолжува рокот за поднесување барања за субвенции за произведеното и предаденото млеко во млекарниците од 1 јануари до 30 април годинава.
Владата го продолжи рокот по барање на млекопроизводителите, бидејќи поголемиот дел од нив, поради задоцнетото добивање откупни белешки од млекарниците, не биле во можност да аплицираат за субвенции во претходно утврдениот термин до 15 јуни.
На барање на овчарите и на козарите што произведуваат органски, Владата претходно исто така го продолжи рокот за поднесување пријави до 15 ноември 2010.
Сега е во тек и аплицирањето за субвенции за осигурување од елементарни непогоди, со кое државата покрива 60 отсто од полисата, а рокот за пријавување истекува на 31 август.
До 1 декември трае пријавувањето за субвенции за компензација на производствени трошоци за заштитен производ, за заштитен географски назив, за запишување во меѓународен регистар и за суровини за прехранбен производ. До 1 декември ќе може да се аплицира и за субвенции за промотивни кампањи за земјоделските производи, за етикетирање и за традиционален рецепт.
На 30 јуни, пак, истече рокот за најголемиот дел од мерките за кои земјоделците можеа да конкурираат за полјоделските култури, за производството во оранжерии и на отворено, за подигање нови и одржување на постојните овошни и лозови насади, додека сточарите можеа да поднесуваат барања за грло говеда и свињи.
Исплатата на финансиската поддршка ја врши Платежната агенција на сметка на барателите најдоцна до 25 декември, веднаш по извршените контроли на теренот.